Нема простор за паника: Лунде за една недела му се враќа на ракометот

Една од најуспешните ракометарки на сите времиња, Катрине Лунден, за време на мечот од норвешкиот шампионат меѓу нејзиниот Кристијансанд и Ромарике Равенс загуби свест.

Таа веднаш беше пренесена во болница, каде што е утврдено дека се работи за моментален пад на крвниот притисок и не е ништо сериозно.

„Беа извршени сите прегледи и се утврди дека се работи за пад на крвниот притисок. Нема индикации за нешто сериозно и сите тестови се позитивни. Лунде ќе биде пуштена на домашно лекување“, велат од клубот.

Легендарната голманка нема да тренира неколку дена, но се очекува за една недела да му се врати на ракометот.

🎥 Шокантни сцени од Норвешка: Легендарната Лунде загуби свест на теренот и заврши во болница!