Некогашен голман на Бутел по девет години пауза заигра за репрезентацијата на Украина

Некогашниот голман на Бутел Скопје, Богдан Панченко, по девет години пауза одново застана на голот на украинската репрезентација.

Украинскиот селектор Вадим Бражник реши да го повика Панченко да и помогне на подмладената репрезентација, која некомплетна беше елиминирана во првиот бараж за СП 2025 година од Естонија.

Естонците славеа дома со 32-29, а тогаш Панченко одлично го почна мечот, но се повреди и не бранеше во реваншот, на кој Украинците загубија со 41-32 и се простија од шансата за место на СП 2025.

Панченко во Скопје мина две сезони и остави одличен впечаток, а потоа се врати во татковината и брани за ЦСКА Киев.