Не оди во Веспрем: Мартинс пред преселба во ѕвездениот Алборг!

Португалскиот среден бек Мигел Мартинс е пред трансфер во данскиот вицепрвак Алборг, дознава 24Ракомет.

Иако неговото име се поврзуваше со унгарскиот Веспрем, сепак репрезентативецот на Португалија ќе се пресели во Данска.

Тој би требало да остане една сезона во Алборг и да му прави друштво на Алекс Влах на средната бековска позиција.

Потоа во 2025 година во данскиот клуб ќе пристигне германскиот среден бек Јури Кнор од Рајн Некар Левен.

Мартинс своевремено беше на радарот и на Вардар, но трансферот не се реализираше, па тој замина во ПИК Сегед, каде нема(ше) голема минутажа.