Најдобри меѓу најдобрите – еве ги сите ЅВЕЗДИ на колото во Женската лига

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, од сезонава избира и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Во првиот дел од сезоната во единственото женско сениорско натпреварување беа одиграни 13 кола и 11 ракометарки го понесоа епитетот ѕвезда на колото.

Куманово е на првото место според бројот да добиени МВП признанија, има вкупно три, од кои две и припаѓаат на голманката Симона Грујовска.

Од Ѓорче Петров, Астибо и Металург Автокоманда пет ракометарки беа прогласени за ѕвезда на колото, а по едно МВП признание имаат Чаир, Стружанка, Скопје и Вардар.

Голманката Симона Грујовска од Куманово и левиот бек Марија Анчева од Астибо се единствените две ракометарки кои успеаја по двапати да бидат избрани за ѕвезда, односно МВП на колото.

ЅВЕЗДА НА КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА

1.КОЛО: Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров)

2.КОЛО: Теодора Дукоска (Чаир)

3.КОЛО: Марија Анчева (Астибо)

4.КОЛО: Адела Еленин (Куманово)

5.КОЛО: Марија Голабоска (Стружанка)

6.КОЛО: Нина Неделковска (Скопје)

7.КОЛО: Симона Грујовска (Куманово)

8.КОЛО: Мила Трајковиќ (Металург Автокоманда)

9.КОЛО: Симона Грујовска (Куманово)

10.КОЛО: Марија Анчева (Астибо)

11.КОЛО: Ивона Трпевска (Вардар)

12.КОЛО: Марија Гугуљанова (Металург Автокоманда)

13.КОЛО: Матеа Чурлиновска (Ѓорче Петров)