На завршницата од Лига на Европа ќе играат дури три бундеслигаши

Екипите на Фуксе Берлин и Рајн Некар се преостанатите два патници на Ф4 турнирот во Лигата на Европа.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Фуксе Берлин, на реванш дуелот со Нант одигра одлично и славеше со седум гола разлика, 37:30.

На првиот дуел, кој беше одигран минатата недела во Берлин, ниту една од двете екипи не се радуваше на победа, бидејќи резултатот беше нерешен, 33:33.

Елиминација доживеа Спортинг Лисабон, откако на свој терен не успеа да го победи Рајн Некар со над три гола разлика, триумфираше со само еден гол, 29:28.

Некогашниот учесник од ЛШ на првиот дуел победи со 32:29 и победата од три гола се покажа како клучна за лавовите од Манхајм да влезат меѓу најдобрите четири екипи.

На Ф4 турнирот во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе играат уште Фленсбург и Динамо Букурешт.

Фленсбург и Динамо Букурешт се првите патници на Ф4 во Лигата на Европа