Катарскиот тим Ал Араби се засили со тројца ракометари пред натпреварите кон крајот на овој месец од две натпреварувања.
Станува збор за десниот бек на репрезентацијата на Фарски Острови, Вилхелм Поулсен, кој ќе игра на Купот на Катар и Купот на принцот.
Тој ги заврши настапите за данскиот Лемвиг, на лето се сели во бундеслигашот Хановер, а по бараж двомечот за СП 2025 против Македонија на која и даде седум гола, си најде краткорочен ангажман во Катар.
Покрај Поулсен, во Ал Араби доаѓа египетскиот голман Мохамед Али од германскиот Битигхајм, како и тунискиот среден бек Амин Дармул од Минден.