Мустафа ги загуби нервите: Вие сте само новинари, јас знам повеќе од вас

Претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа, имаше тензично интервју по завршувањето на Мундијалот во Данска, Шведска и Норвешка.

Скадинавските новинари му поставија прашање на Египќанецот што 23 години веќе е на челно на светската куќа на ракометот за зголемувањето на бројот на членките на ИХФ од 129 на 209.

На пример, Непал, држава со само една спортска сала и без регистрирани ракометари, има глас на конгресите на ИХФ што е исто толку вреден колку и оние на Германија, Шведска, Норвешка…

Мустафа бурно реагираше на прашањата на норвешките новинари од „VG“ , кои прашаа дали се зголемува бројот на членките, само за тој да си обезбеди нови гласови и да продолжи на функцијата.

„Ние ги повикуваме сите членки на конгрес, но не за да гласааат за мене или некој друг. Ние го зголемивме бројот на државите каде ракометот има прогрес. Што е лошо во тоа? Сте слушнале за Обединети Нации и начинот на кој функционираат? Јас знам многу повеќе за ракометот од вас, јас играв ракомет, а вие сте само новинар“, дрзок беше Мустафа.

Тој веќе 23 години е на чело на ИХФ, а мандатот му истекува во 2025 година.

„Уште не знам дали ќе се кандидирам за реизбор. Ми останаа уште две години од мојот мандат и ќе одлучам навреме. Кога дојдов на чело на ИХФ во 2020 година, ракометот беше во големи проблеми и беше само европски спорт“, вели Мустафа.

Се повеќе се зборува низ ракометните кулоари дека ова е последен мандат за Мустафа и дека еден од кандидатите за негов наследник ќе биде екс претседателот на федерацијата на Саудиска Арабија, Мохамед бин Абдула Ал Матруд.