Simona STOJKOVSKA and Elena GJORGJIJEVSKA, Sweden vs North Macedonia, Women's EHF EURO 2024, Austria, Hungary, Switzerland, 28.11.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Ден за прекин на постот – Македонија брка победа на ЕП по 16 години

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство 2024. По воведниот и убедлив пораз од Шведска, нашата репрезентација денеска силите ќе ги одмери со незгодната Турција.

Избраничките на Кристијан Грчевски најавија голема борба за денешниот дуел, а доколку Македонија ја победи Турција, тогаш „црвено-жолтите“, доколку нема изненадувања во последното коло од групната фаза, ќе го обезбедат третото место во групата.

Македонија последната победа на Европското првенство ја имаше во 2008 година, тогаш домаќини на најдобрите европски репрезентации беа Скопје и Охрид. На тоа ЕП, Македонија го освои седмото место, а последната победа беше против Белорусија (29:24).

На Европското првенство 2012 и 2022 беа забележани по три порази во групната фаза, па така денешниот натпревар со Турција ќе биде од големо значење за нашата репрезентација.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра во „Феникс Арена“ (Дебрецен) со почеток во 20:30 часот.

Во групата А, во која се наоѓа Македонија, денеска ќе играат Унгарија и Шведска, двете репрезентации атакуваат на висок пласман на континенталниот собир.

Распоред на денешните натпревари на ЕП:
15:30 ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА
18:00 ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
18:00 НОРВЕШКА – АВСТРИЈА
18:00 ШВЕДСКА – УНГАРИЈА
20:30 МАКЕДОНИЈА – ТУРЦИЈА
20:30 СЛОВЕНИЈА – СЛОВАЧКА

Во продолжение може да ги прочитате очекувањата на неколку репрезентативки на Македонија за денешното соочување со турската репрезентација.

🎥Арсениевска: Турција воопшто не е за потценување

🎥 Дамјаноска: Грешките од дуелот со Шведска ќе ги исправиме против Турција

🎥Стефаноска: Очекувам дека ќе ја победиме Турција

🎥 Јанкуловска: Го живеам својот сон