Најмладата ракометарка во составот на Македонија е десниот бек Ива Младеновска, која втора сезона собира искуство во францускиот Брест Бретањ.
Младеновска очекува дека Македонија може да им парира на сите противници, па дури и од калибарот на Шведска.
„Моите очекувања се дека ќе одиграме добар натпревар, и ќе покажеме дека може да против секој и против силни селекции како Шведска. Знаеме дека Шведска е една од најдобрите репрезентации и тие играат одлично, но сметам дека може да парираме“, вели Младеновска.
Таа од ЕХФ беше вброена меѓу младите ракометарки кои може да блеснат на претстојнното ЕП.
„Навистина сум почестена од тоа и среќна сум за тоа што ми предвидуваат, а јас се надевам дека ќе ја оправдам довербата и ќе докажам дека тоа е вистина“, продолжи Младеновска.
Најголемата шанса за победа е Турција.
„Имаме цел да одиграме добро на сите дуели, да го покажеме најдоброто од нашиот тим и најдобрата игра, а секако дека сакаме да победуваме. Мислам дека имаме шанси против сите, но најголеми против Турција. Имаме добра хемија во тимот и добро сме подготвени“, заврши Младеновска.
Првиот натпревар на ЕП, Македонија го игра против Шведска утре во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.