Митревски во одлична форма – нова победа за Порто

По одличното издание на дуелот од Лигата на шампионите против ГОГ Гудме, македонскиот голман продолжи со одличната форма и на дуелите од домашниот шампионат.

Порто славеше на незгодното гостување кај составот на Мадеира со 37-25, во натпревар од 10 коло.

Митревски на овој натпревар забележа 12 одбрани и доаѓа во одлична форма за ЕХФ неделата и двомечот со јужниот сосед на Македонија.

Порто е втор со 29 бода, зад Спортинг Лисабон кој има максимален биланс со 30 бода, а во следното коло на 11 ноември ќе се соочат овие две екипи.