Митревски со „сто раце“ – одбрани половина од ударите на противникот!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше одлична партија на голот во новиот триумф на Порто.

Митревски блескаше на голот против Гаиа во победата на португалскиот шампион со 32-20 во натпревар од 14 коло.

Тој беше на голот во текот на целиот натпревар и успеа да одбрани 50% од ударите на противникот (17/34).

Порто сега има 39 бода, исто колку и тимот на Спортинг Лисабон кој е лидер на табелата, но со меч помалку.

Веќе в четврток Порто во Лигата на шампионите го пречекува европскиот шампион Магдебург, а следната сабота гостува кај Виторија во португалското првенство.