Митревски и Тодоровски со прва задача во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од првата рунда во Лигата на Европа.

Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе судат на натпревар од групата Б во полскиот град Даброва Горница.

Таму тимот на Горњик Забже ќе го пречека грчкиот шампион АЕК Атина, кој сезонава има големи европски амбиции.

Натпреварот меѓу Горњик и АЕК Атина ќе се игра на 17 октомври во „Центрум“ во Даброва Горница со почеток во 18:45 часот.