Maкедонскиот вицепрвак Металург Автокоманда го промовираше првото засилување за наредната сезона.
Станува збор за левото крило Анастасија Николовска, која ја освои двојната круна со тимот на Ѓорче Петров.
Пред Ѓорче Петров, Николовска играше за Чаир, Пелистер и Вардар Јуниор.
Николовска е искусна ракометарка, беше дел од националниот тим на Македонија на ЕП 2022 година, а има настапи и за младинските репрезентации.
Минатата сезона во Металург Автокоманда на левата крилна позиција најчесто играа Сара Миновска и Јана Ѓошевска.