Претстојниот викенд ќе стартуваат натпреварите од групната фаза од новата сезона во женската Лига на шампиони.
ЕХФ ги делегираше официјалните лица, а од Македонија за првата рунда, европска задача ќе има Марјан Начевски.
Тој ќе биде делегат на натпреварот меѓу романскиот Рапид Букурешт и црногорскиот првак Будуќност.
Овој дуел ќе се одигра в недела од 14:00 часот во „Поливалента“ во Букурешт, а романскиот тим, каде што игра Сара Ристовска, е голем фаворит.