Мандиќ: Македонија е добар ривал за воигрување пред СП

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе одигра пријателски натпревар против еден од домаќините на СП 2025, Хрватска.

Левото крило Давид Мандиќ вели дека Македонија е добар ривал за воигрување пред стартот на Мундијалот.

„Се радувам што имаме густина во одбраната, одлично работевме и го поправивме тој дел на последните тренинзи. Сега малку ќе го спуштаме интензитетот на тренинзите. Македонија е добар ривал за воигрување пред стартот на СП, за да испробаме солуции од одбрана до напад со седум на шест“, вели Мандиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:15 часот.