„Македонските“ екипи победнички во јужниот сосед

Тимовите на АЕК Атина и ПАОК Солун, каде што играат македонски интернационалки, имаа победнички викенд во шампионатот на јужниот сосед.

АЕК Атина, каде што брани Драгана Петковска, ja забележа првата победа во сезоната, откако славеше против Атинаикос со 28-22.

ПАОК Солун, каде што игра Александра Боризовска, успешно ја започна одбраната на шампионската титула – со три победи во три кола.

На последниот меч, ПАОК ја победи Пијала со 32-22, а македонската интернационалка беше втор стрелец со четири погодоци.