Тимот на Коњалти Анталија, каде што играат три македонски репрезентативки – Ивана Гакидова, Моника Килдан Јанеска и Елена Ѓорѓиевска, забележа нова победа.
Во натпреварот од 8 рунда на турскиот шампионат, Коњалти славеше на гостувањето кај Бурса со убедливи 36-18.
Килдан Јанеска постигна четири погодоци на овој натпревар, додека Гакидова и Ѓорѓиевска не се запишаа во листата на стрелците.
Коњалти сега има осум победи на осум натпревари, а следен предизвик ќе биде шампионот Кастамону на 15 ноември.
Во меѓувреме турскиот тим ќе одигра и двомеч со незгодниот шпански тим Гранољерс во третата рунда од Европскиот Куп.