Македонија има четири гола негатива на полувреме против Франција

Репрезентацијата на Македонија губи од Франција на полувреме со 18:14 во натпревар од последното коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка  и Хрватска.

Натпреварот го отвори Македонија со голот на средниот бек Марко Митев, кој беше нерешлива енигма за француската репрезентација. По осум минути игра имаше две петки на семафорот.

Иако Наи заработи црвен картон, тоа не ги поремети редовите кај ,,експертите” кои со три гола во низа дојдоа до 8:5. Митревски фати неколку топки, па така нашата репрезентација успеа резултатски да се доближи, намали на 8:7.

Ниту Франција не играше на ниво, па така избраниците на Лазаров израмнија на 9:9. Французите искористија дел од грешките на Македонија и повторно дојдоа на максималните плус три од воведните десет минути, 12:9, а на десет минути пред крајот на првиот дел зголемија на плус четири, 13:9.

Серијата на Франција ја прекина Мартин Серафимов со одличен гол во мрежата на ривалот, намали на 13:10. Предноста на избраниците на Жил беше 15:10 во 22-та минута, а Македонија успеа да стопи дел од негативата и намали на 15:12 во 24-та минута. По 30 минути игра, резултатот беше 18:14 во корист за ,,триколорите”.