Zharko PESHEVSKI, Lucas MEISTER, Tomislav JAGURINOVSKI and Lenny RUBIN, North Macedonia vs Switzerland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Македонија го поправа впечатокот, води на полувреме против Швајцарија со четири гола

Машката репрезентација на Македонија ги одигра најдобрите први 30 минути во последните неколку години на големите натпреварувања, откако во дуелот со Швајцарија во рамки од групната фаза на Европското првенство води со 13:9 на полувреме

Еден од најзаслужните за предноста на Македонија на полувреме е голманот Мартин Томовски, кој блескаше меѓу стативите со осум интервенции.

Македонија погоди во првите две акции и по стартното водство на „црвено-жолтите“, репрезентацијата на Швајцарија во 5 минута ја презеде предноста, поведе со 3:2, а минута подоцна не реализираше од контра за плус два гола. Откако Швајцарија никако не можеше да дојде до најголемата позитива во тие моменти, кружниот напаѓач Маркоски со својот прв гол го израмни резултатот на 3:3.

Според играта на теренот и одбраната која ја практикуваа двете репрезентации, јасно беше дека во првото полувреме е ќе има мал број голови. По серијата технички грешки на двете страни, еден од од главните адути во составот на Швајцарија, Зендер, погодоци за 4:3 кон средината на првиот дел, но составот на Лазаров бргу возврати за 4:4.

Lenny RUBIN and Nikola MARKOSKI, North Macedonia vs Switzerland, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 16.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Стратегијата на Швајцарија со играта 7 на 6 не даваше резултат, па така Македонија со расположениот Томовски по првата половина од првото полувреме повторно дојде до резултатска предност и ја презеде иницијативата на теренот. По предноста на Швајцарија од 5:4, следуваше одлична игра на нашата репрезентација, која направи серија од 6:0 и во 20 минута се одлепи на 10:5.

Шмид и колегите со серија од 3:0 намалија на 10:8 и доближувањето на ривалот беше причина Лазаров во 25 минута да повика тајм-аут. Македонија до крајот на полувремето се консолидира, беше подобриот противник и на пауза замина со активен резултат од 13:9.