Магдебург го турна Келце кон дното

Европскиот првак од сезона 2022/23, тимот на Магдебург, на гостувањето во Полска кај Келце триумфираше со 29:25.

За Келце ова беше петти пораз во новата натпреварувачка сезона и сега тимот на Талант Душебаев на следните три натпревари ќе мора да го даде максимумот за пласман во осминафиналето.

Германскиот тим до победата дојде со одличната игра во двете полувремина, а домашниот тим, освен што одигра лошо во нападот, немаше ни поддршка од голманите.

Ферлин Клемен и Милош Валач натпреварот го завршија со само една интервенција,  третиот голман Бекир Чордалија запиша две. На спротивната страна Никола Портнер заврши зад своето име имаше осум одбранети удари.

Магдебург во победата беше предводен од Феликс Клар и Матијас Муше, двајцата имаа по седум погодоци.

Кај Келце листата на стрелци беше предводена од Алекс Душебаев и Артем Каралек со по шест реализации.

Ландин ја „спушти ролетната“ против Барса, Колстад и Загреб со важни победи