Селекторот на машката репрезентација на Литванија, Гинтарас Савукинас, ќе смета на најсилниот состав за последните две кола од квалификациите за ЕП 2026 и пресметките со Словенија и Македонија.
Савукинас на собир има 19 ракометари, а меѓу нив се и најдобриот ракометар, Аиденас Малашинскас, кој и покрај тоа што има 39 години игра на високо ниво, но и дебинтатот, 17-годишниот Симас Буткус.
Од 19 повикани ракометари, осуммина играат во странски клубови, додека останатите се од најдобрите домашни клубови – Драгунас Клаипеда и Свиеса имаат по четворица репрезентативци, а Каунас Гранитас, Алитус и Виљнус, имаат по еден.
На табелата Словенија е прва со осум бода, Литванците се втори со шест бода, Македонија е трета со два, а Естонија нема бодови.
Наптреварот меѓу Македонија и Естонија се игра во Талин на 8 мај од 18:00 часот, додека оној против Литванија е на програмата на 11 мај во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот.
Македонија мора да чека пораз на Литванија, иако Словенија таму ќе оди со трет состав, за да остане во конкуренција за второто место. Во секоја друга комбинација, ќе се бори за трето место, ќе треба двапати да победи, но и да пресметува гол-разлика со другите третопласирани селекции од сите групи.