Лазаров: Сакале или не, мора да признаеме – Македонија има страшен континуитет од 2012 година

Машката репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Селекторот Кирил Лазаров вели дека ретко која репрезентација, особено од соседството може да се пофали со таков континуитет каков што го има Македонија од 2012 година па наваму.

„Драго ми е што успеавме да ја израдуваме јавноста и се пласиравме на СП и можам слободно да кажам дека од 2012 имаме еден страшен континуитет кој многу значи, кој заеднички го направивме. Сакале или не да признаеме, тоа е голем успех, со кој не може да се пофалат нашите соседи од Балканот. Тоа е голем резултат, како држава и како национална селекција, и се надевам дека така ќе продолжи во иднина. Во Хрватска имаме позитивни искуства од 2009 и 2018 година, се надевам дека така ќе биде и сега во 2025. Знаеме дека ќе имаме поддршка од нашите навивачи, кои терба да бидат нашиот осми играч бидејќи ја познаваат ракометната игра. Поддршката од нив многу ќе ни значи. Јас сум умерен оптимист, знаејќи го нашиот менталитет и квалитет, не сакам да создавам алиби, ја сменивме генерацијата, имаме млади играчи кои допрва ќе го докажуваат својот квалитет, кои сакаат да работат и да покажат талентот. Македонскиот ракомет е на добар пат и допрва ни следуваат успеси како на националниот тим, така и на клубовите“, изјави Лазаров.

Македонија е во група со Холандија, Унгарија и Гвинеја, а првиот натпревар ќе го игра на 15 јануари против Унгарците.

Кузмановски: Веруваме во нашиот квалитет – ќе ги израдуваме сите