Машката репрезентација на Македонија за прв ривал на Европското првенство во Германија ја има репрезентацијата на Франција.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, кој на континенталниот собир поведе 18 играчи, го одбра составот за денешниот дуел со „триколорите“.
Лазаров одлучи за натпреварот со Франција да ги изостави голманот Марко Кизиќ и средниот бек Игор Ѓорѓиев.
Натпреварот меѓу Франција и Македонија ќе се одигра на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф со почеток од 18:00 часот.