Кукуловски ја завршува авантурата во Брно

Повремениот репрезентативец на Македонија и актуелен член на Брно, Дејан Кукуловски, во следната сезона ќе има нов предизвик.

Од чешкиот суперлигаш соопштија дека Македонецот по крајот од тековната сезона ќе го напушти клубот.

Кукуловски во Брно пристигна во вториот дел од сезона 2022/23 и не му требаше многу време да се прилагоди во првиот странски клуб.

Левиот бек зад себе има одлични настапи во шампионатот на Чешка, на дел од натпреварите беше предводник на својот тим.

Екс ракометарот на Вардар и Еурофарм Пелистер со тимот на Брно оваа сезона играше во Европскиот Куп.