Косово испиша историја – за првпат обезбеди место на кадетски Мундијал!

Машката репрезентација на Косово го освои ИХФ Интерконтиненталниот трофеј, откако во финалето во кадетската конкуренција славеше против селекцијата на Нигерија со 30-27.

Со оваа победа, кадетите на Косово обезбедија место на СП во Египет што ќе се одржи во август годинава. По кадетките кои играа на СП во Кина во 2024 и младинците кои беа дел СП во Германија и Грција во 2023, ова е трета репрезентација од Косово што обезбедува пласман на Мундијал.

На ИХФ Интерконтиненталниот трофеј за младинци, победата ја однесе селекцијата на САД, која го победи Узбекистан со 33-32.

Со оглед на тоа што САД имаше обезбедено место на СП за младинци преку континенталниот шампионат, следна селекција од континентот на Северна Америка и Кариби што немаше пласман е селекцијата на Куба, која се доби шанса да игра во Полска на Мундијалот, каде што ќе игра и Македонија.