Новата сезона во единствената Женска лига ќе започне утре со два меча во Прилеп меѓу Деспина и Вардар, односно во Битола меѓу Пелистер и Гевгелија.
Оваа сезона ќе има 15 екипи, поделени во три групи, од кои по одигрувањето на 10 кола од регуларниот дел, ќе се поделат во плеј-оф и плеј-аут. По двете најдобри од групите ќе разигруваат за титула (вкупно шест) и ќе играат двокружно, односно уште 20 кола.
Сите останати екипи (вкупно девет) ќе играат за опстанок односно во плеј-аутот, уште дополнителни 18 кола.
Со три ЕХФ недели и ЕП 2024, во оваа полусезона ќе бидат одиграни десетте кола од регуларниот дел, како и две од плеј-оф/аут, односно групната фаза од Купот на Македонија.
Пролетниот дел од сезоната треба да започне на 8/9 февруари следната година, Ф4 од Купот на Македонија ќе се игра во средината на мај, а сезоната треба да заврши на 31 мај, односно 1 јуни.
Женската лига почнува викендов – шампионот ќе игра против Шампион