Кишварда со Џатевска ја прекина серијата порази, триумфираше над Бекешчаба

Тимот на Кишварда, каде што игра македонската репрезентативка Ивана Џатевска, ја прекина серијата порази во унгарскиот шампионат.

Кишварда на домашен терен славеше против Бекешчаба со 25-21, откако и на полувремето водеше со пет гола, 15-10.

Македонската репрезентативка одлично ја одработи својата улога во дефанзивата, а беше стрелец и на еден погодок.

Кишварда сега има четири победи, едно реми и седум порази, за девет бода што е доволно за деветтото место, а следниот натпревар го игра на гостински терен кај Мошонмаѓаровар.