Кил го доби дуелот со европскиот вицепрвак

Екипата на Кил дојде до 4-ти триумф во Лигата на шампионите, откако на свој терен триумфираше над Келце со 35:31 во натпревар од 4. коло.

Иако избраниците на Талант Душебаев имаа плус еден на полувреме, 16:15, сепак останаа без муниција во вториот дел и дозволија „зебрите“ да бидат подобри.

Најефикасни во победничката екипа беа Ерик Јоханесен и Елијас Елефсен а Скипаготу со по седум погодоци. Голманот Томас Мрква натпреварот го заврши со девет интервенции.

Кај Келце се истакнаа Симон Сичко со седум и Аркадауш Морито со шест погодоци.

За Келце поразот од германскиот првак беше втор во оваа сезона. Полскиот шампион  во првото коло беше поразен од Алборг.

ПозЕкипаНПРЛБ
1КИЛ14102232
2АЛБОРГ1483327
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481525
4КЕЛЦЕ1464422
5ППД ЗАГРЕБ1462620
6ПИК СЕГЕД1461719
7КОЛСТАД1451816
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140