Келце без најдобриот стрелец против Еурофарм Пелистер, не доаѓа ни Алекс Душебаев

Полскиот шампион и европски вицепрвак Келце, ќе биде ослабен на мечот против Еурофарм Пелистер во Битола.

Левиот бек Симон Сичко, кој е најдобар стрелец на Келце оваа сезона во Лигата на шампионите, нема да допатува во Битола.

Сичко е прв стрелец на Келце, а втор стрелец воопшто во ЛШ со 36 голови, но заработи повреда на зглобот на мечот со ПИК Сегед.

„Во Македонија ќе се снаоѓаме без нашиот најдобар стрелец. Времето на враќање ќе зависи од рехабилитација, но ќе се обидеме Сичко да биде подготвен за настап на претстојниот Супер глоуб“, објавија од Келце.

Освен Сичко, полскиот првак во Битола ќе биде и без десниот бек Алекс Душебаев, кој се рехабилитира по повредата.

Мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Келце се игра в среда во салата Боро Чурлевски со почеток во 20:45 часот.