Младинците на Македонија ќе се борат за 9 место на Европското првенство во Словенија, откако ја победија Унгарија со 27-26.
За најкорисен играч во македонската репрезентација беше избран кружниот напаѓач Валентин Карасманакис.
Популарниот Тино беше одличен во нападот и постигна пет гола, а исто така и во одбраната успеа да ги запре унгарските ракометари, па заслужено е МВП.
За Македонија останува уште натпреварот против победникот од двобојот меѓу Франција и Хрватска в недела за конечен пласман.
Унгарија на колена – Македонија ќе се бори за 9 место на ЕП!