Карапалевски дебитираше со три гола во Асобал лигата

Тимот на Ваљадолид, во кој настапуваат Мартин Карапалевски и Димитар Димитриоски, на стартот од Асобал лигата ремизираше против Морацо, 34:34.

Иако избраниците на Давид Писонеро на полувреме имаа 17:12 и се наоѓаа пред победа, ривалот имаше многу среќа во последните минути и успеа да извлече бод од тешкото гостување.

Карапалевски на официјалното деби во Асобал лигата се покажа во одлично светло и во противничката мрежа погоди трипати.

Левото крило Димитироски, исто така, одигра одличен натпревар постигнувајќи три гола од четири обиди.

Ваљадолид во второто коло за ривал го има незгодниот тим на Нава, а во 3. коло силите ќе ги одмери со Куенка.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]