Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки за бараж двомечот со Полска.
Грчевски повика 20 ракометарки, меѓу кои камбек прават Леонида Гичевска и Ангела Јанкуловска, додека Јована Саздовска исто така ќе биде на располагање.
Саздовска најави репрезентативна пензија, но ќе ги одигра уште овие два натпревари против Полска за баражот за СП 2025.
Останатиот дел од тимот е стандардниот, а ќе се враќаат и повредените Џатевска и Кипријановска, кои не играа на контролите со Србија.
Собирот на репрезентативките ќе биде на 6 април, првиот меч е на гости во Полска на 9 април, додека реваншот е на 12 април во Битола.