Калараш и ПИК Сегед во љубов до 2025 година

Поранешниот ракометар на Вардар, Глеб Калараш, го продолжи договорот со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед за уште една сезона.

Рускиот интернационалец стави потпис на новата соработка, според која ќе остане во Унгарија до 2025 година.

Тој дојде ова лето од германскиот Мелсунген во ПИК Сегед и остави одличен впечаток, па новиот тренерски тандем Калман-Апелгрен решија дека ќе го задржат во тимот.

Кружниот напаѓач во Бундес лигата ги носеше дресовите на Балинген и Магдебург, играше за Мотор Запорожје, а со Вардар се искачи на европскиот врв во 2019 година.