Кадетките на ЖРК Вардар ќе бидат дел од силен меѓународен турнир, што претстојниот викенд ќе се игра во Србија.
Станува збор за турнирот на кадетски екипи „Седум круни“ што ќе се игра во салата „Рибница“ во Краљево.
Вардар ќе биде дел од групата А, а противници ќе му бидат екипата на Црвена Ѕвезда и кадетската репрезентација на Србија.
Во групата Б се најдоа екипите на Металац Краљево, кадетската репрезентација на Црна Гора и романската екипа Михау Витеазу.