Кадетки: Драма на дербито меѓу Вардар и Стружанка, Гевгелија триумфално низ Гостивар

Изминатиот викенд се комплетираше 5. коло од кадетската лига во женска конкуренција, каде имаше еден дерби натпревар.

Вардар и Стружанка во дерби натпревар за прво место на табелата одиграа нерешено со 20-20, па така сега имаат двете екипи по 13 бодови. Најефикасна кај Вардар беше Леона Миленкоска со шест гола, додека кај Стружанка најефикасна беше Маја Раткушиноска со осум гола. Иако домаќинките водеа со 19-17 во финишот, сепак Стружанка направи серија од три гола за да го преземе водството, но на крајот вардарки успеаја да се изборат за бод.

Ѓорче Петров беше сигурен против тимот на Чаир со резултат 33-22. Ѓорче Петров во победата беше предводен од Ива Велкова, која имаше шест погодоци, додека кај екипата на Чаир најефикасна беше Рона Мифтари со девет погодоци.

Гевгелија доминантна кај Јехона со 28-20. Најдобар стрелец кај Гевгелија беше Симона Динева со осум гола, додека кај екипата на Јехона се истакна Мила Николоска со девет гола.

Илиден Вардар го совлада Делчево Вардар со конечни 38-35. Кај Илинден Вардар, Ева Ѓорѓиевска дури со 19 погодоци, додека кај Делчево Вардар најефикасна беше Бојана Ѓеоргиевска со 11 погодоци.

Кадетки, 5. коло, резултати:

Јехона – Гевгелија 20-28
Чаир – Ѓорче Петров 22-33
Вардар – Стружанка 20-20
Делчево Вардар – Илинден Вардар 35-38