Јовиќ: Одигравме како екипа против моќен состав

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер на гостувањето во Франција кај ПСЖ беше поразен со 31:26 во натпревар од 4. коло од Лигата на шампионите.

Иако со пораз си заминуваат од Париз, пелистерци можат да бидат задоволни од покажаната игра, бидејќи рамо до рамо се носеа со најскапиот европски тим.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, истакна дека неговиот тим одиграл моќно и му посака на екс селекторот на Македонија во оваа сезона да дојде до титула во најквалитетното европско натпреварување.

,,Сакам да им честитам на моите ракометари за настапот вечерва и секако на тимот на ПСЖ за победата. Не беше лесно да се игра во Париз, но мислам дека одигравме како екипа против моќен состав. Верувам дека сме на добар пат. Раул Гонзалез е голем пријател на македонскиот ракоомет и сакам да му посакам баш оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ”, изјави Јовиќ.

И Руди Сери даде свој коментар по загубената битка со францускиот тим.

,,Одлично го одигравме првиот дел, она што го планиравме, го спроведовме и го изненадивме противникот. До 45. минута бевме во натпреварот, но против нас имавме состав со голема ротација, многу индивидуалци и тие реагираа во второто полувреме. Сепак, задоволен сум како се претставивме во Франција. За мене беше посебно чувство да играме во мојот роден град и пред моето семјство”, изјави Сери.

Храбриот Еурофарм Пелистер скапо ја “продаде кожата”, ПСЖ се испоти за триумф