Противникот на Чаир во Европскиот Куп, Славија Прага каде што игра Ангела Јанкуловска, имаше победнички крај на 2024 година.
Славија Прага славеше во последниот натпревар во регионалната МОЛ лигата кај фаворизираниот словачки тим Јувента Михаловце со 32-20.
Јанкуловска беше меѓу најдобрите во триумфот на Славија Прага и успеа да постигне четири погодоци во мрежата на ривалките.
Славија Прага пред гостувањето во Скопје и двомечот со Чаир во СЦ „Борис Трајковски“ ќе има уште три дуели.
Јанкуловска и нејзиниот тим најпрво гостуваат кај Злин, потоа го пречекуваат составот на Кинжварт, додека на 15 јануари ќе играат со Плзен.