Илиќ прави балканска колонија во Вецлар

Тимот на Вецлар го потврди новото засилување за наредната сезона во која ќе има комплетно реновиран тим.

Бундеслигашот го промовираше средниот бек од Хрватска, Филип Вистороп, кој доаѓа од тимот на Ајзенах и ќе го засили составот на Момир Илиќ.

Вистороп потекнува од Зрињски Мостар, четири сезони беше дел од Загреб, пред да замине во германскиот Балинген каде играше до лани.

Илиќ порано од предвиденото ја презема клупата на Вецлар, а таму ќе има мала балканска колонија.

Во Вецлар се Немања Зеленовиќ, Стефан Чавор, Владимир Врањеш, Анадин Сулјаковиќ…асистент тренер ќе биде Владан Јордовиќ, а на лето покрај Вистороп доаѓа и пикерот од Хрватска, Јосип Шимиќ.