Поранешниот унгарски репрезентативец Жолт Балог, на крајот од оваа сезона ќе стави крај на играчката кариера.
35-годишниот десен бек, кој 70 пати настапи за Унгарија, во моментов игра во новиот унгарски проект, Ѓер.
Тој ја започна кариерата во Орошаза, играше за ПЛЕР Будимпешта, германскиот Магдебург, потоа за Ѓенѓеш, ПИК Сегед и Ференцварош, пред да се пресели во Ѓер.
Може да се пофали со титули во унгарскиот шампионат и Куп, потоа во ЕХФ Купот, а има постигнато повеќе од 300 голови во Лигата на шампионите.