ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО 4.315.391 ДЕНАРИ, ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ ДВАЕСЕТТОТО ИГРАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија го пушти во функција мултифункционалното игралиште во с.Моноспитово, општина Босилово. За неговата реконструкција, Видеолотарија донираше 4.315.391 денари.

Видеолотарија Касинос Австрија со буџет од милион евра, овозможи фунцкционалност на 20 игралишта низ Македонија досега. Најновото е мултифункционалното игралиште во Моноспитово, кое е реконструирано со донација од 4.315.391 денари.

Со задоволство споделуваме со јавноста дека овозможивме функционалност на 20 игралишта низ Македонија, со што придонесуваме за општествениот развој и унапредување на животот на луѓето во нашата земја.

Со донација од  4.315.391 денари, овозможивме функционалност на најновото спортско игралиште, комплетно оспособено за ракомет, фудбал, кошарка и одбојка. Поставена е нова подлога и нова ограда, обезбедени се и сите потребни спортски реквизити, кои ќе овозможат нови спортски навики кај младите, но и сите други жители.

Градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев изрази благодарност до Видеолотарија  Касинос Австрија за донацијата и успешната соработка. Оваа донација е значајна и корисна за развојот на спортската инфраструктура, нагласи градоначалникот Манчев.

Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ