Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 9 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Вардар и Еурофарм Пелистер, како и по еден од Еурофарм Пелистер 2, Куманово и Бутел Скопје.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 10. коло, резултати:
Плеј-оф
ВАРДАР – ТИКВЕШ 29-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 22-29 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПРОЛЕТ 23-17 (ИЗВЕШТАЈ)
АЛКАЛОИД – СТРУГА 35-20 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
ГОЛДЕН АРТ – АЕРОДРОМ 10-0 служ.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР НЕГОТИНО 35-23 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ – КУМАНОВО 25-32 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – ПРИЛЕП 34-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Калифа Гедбан (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата бранеше во вториот дел во Охрид и беше меѓу клучните фактори за победа.
Лево крило: Иван Димитровски (Еурофарм Пелистер 2) – Левото крило, кое одговара на задачите и на други позиции, беше меѓу најдобрите стрелци против Вардар Неготино.
Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Капитенот одигра капитенски и го водеше шампионот до три бода во Охрид.
Среден бек: Косуке Јасухира (Вардар) – Јапонецот даде десет гола против кавадарчани и беше најдобар стрелец.
Десен бек: Филип Николов (Бутел Скопје) – Велешанецот одигра одлично против големиот ривал Пролет.
Десно крило: Наум Костов (Куманово) – Десното крило продолжува со одличните партии оваа сезона и беше меѓу најдобрите против Скопје.
Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач беше меѓу најдобрите во триумфот над Тиквеш.