„Хрватска може да изненади и да стигне до полуфинале на ЕП“

Хрватска на Европското првенство 2024 ќе го има 16-от настап на континенталните собири. Хрватите од 1994 година немаат прескокнато ниту едно учество на Европското првенство.

На минатото Европското првенство, кое се одржуваше во Унгарија и Словачка, репрезентацијата на Хрватска не успеа да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири, заврши на 8. позиција.

Тренерот на Нексе, Бранко Тамше, во разговор за хрватскиот портал „Германијак“ истакна дека „коцкестите“ имаат потенцијал за пласман во полуфиналето.

,,Вистина е дека репрезентацијата не освои ниту еден медали во последните години. Потоа се зборуваше за смена на генерацијата, па започна и подмладувањето во репрезентацијата, па стигна короната, потоа се искористија 30 или повеќе играчи, се сменија улогите и сега Горан Перковац ја доби својата шанса. Реално, мислам дека на хартија Хрватска е меѓу 5-то и 10-то место, но мислам и дека може да изненади и да направи одличен резултат, кој би ги израдувал сите, а тоа е пласман во полуфиналето”, изјави Тамше.

Најголемиот успех на Хрватска на ЕП се трите сребрени медали во 2008, 2010 и 2020 година.

Хрватска на континенталниот собир во јануари за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Австрија, Романија и Шпанија.