Новиот селектор на женската сениорска репрезентација на Холандија, Хенрик Сигнел, го објави скратениот список за настапот на Европското првенство 2024 во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Во однос на последните собири не се направени поголеми промени во изборот. Тоа значи дека Еставана Полман, Лаура Ван дер Хејден и Никита Ван дер Влиет нема да играат на континенталниот собир.
Дополнително, една од најискусните во редовите на „лалињата“, левиот бек Кели Дулфер решила да го прескокне континенталниот собир од лични причини.
Холандија пред настапот на Европското првенство ќе има силни тестови во рамки од Златната лига.
Избраничките на Сигнел ќе тестираат против Данска, Норвешка и Романија, додека на ЕП во групната фаза ќе играат со Германија, Исланд и Украина.