Хендрик Пекелер заминува во репрезентативна пензија

Кружниот напаѓач на Кил, Хендрик Пекелер, официјално ќе стави крај на репрезентативната кариера.

Пекелер нема да игра на претстојното Европско првенство, а ќе се збогува со бундес тимот на вториот пријателски натпревар со Португалија.

32-годишниот Пекелер беше дел од националниот тим 11 години и запиша 122 репрезентативни настапи на сите големи натпреварувања.

Во моментов е член на Кил, а во претходно играше за три бундеслигашки клуба – Бергишер, Лемго и Рајн Некар Левен.

Селекторот Алфред Гисласон на линијата од шест метри ги има на располагање Гола, Колбахер и Фишер.