Македонската интернационалка Пена Граматова повторно имаше одлична партија во дресот на Војводина.
Тимот на Војводина во натпревар од 15. коло од српскиот шампионат гостуваше во Шабац кај Медицинар и беше поразен со 34:27.
Иако во еден дел во второто полувреме тимот од Нови Сад успеа да намали на гол негатива, сепак, домаќинките со подобрата игра во финишот успеаја да дојдат до убедлив триумф.
Граматова во дадената минутажа на терен постигна шест погодоци во мрежата на домаќинките и уште еднаш покажа дека е квалитетно засилување.
Војводина се наоѓа на 9. позиција на табелата и сосема е извесно дека ќе се бори за опстанок во најквалитетното натпреварување во Србија.