Екипата на Ѓорче Петров е последниот патник на Ф4 турнирот од Купот на Македонија во женска конкуренција.
Ѓорчепетровки во финалето од третата група одиграа рутински на гостувањето во Битола кај Пелистер и триумфираа со 47:26 (23:13).
Избраничките на Симе Симовски во најголемиот дел од натпреварот немаа поголеми проблеми против битолскиот тим.
Најефикасна во победничката екипа беше Талида Алмеида со девет погодоци, по пет постигнаа Ана Марија Коларовска, Ангела Јанкуловска, Емилијана Ризоска и Катерина Дамјановска.
Во домашниот табор најрасположена беше Сара Рујановска со седум погодоци, а Кристина Наумовска и Ана Марија Талева имаа по шест реализации.
Куп на Македонија, жени, распоред:
група 1
Куманово – Стружанка 37-29
Скопје – Металург Автокоманда 27-53
Куманово – Металург Автокоманда 21-20
група 2
Чаир слоб.
Астибо – Овче Поле СУ 21-38
Чаир – Овче Поле СУ 46-29
група 3
Гевгелија – Вардар 17-34
Шампион – Деспина 19-30
Вардар – Деспина 30-21
група 4
Пелистер слоб.
Спартак – Ѓорче Петров 22-44
Пелистер – Ѓорче Петров 26-47