Голем успех за Стојановиќ: Тримо се пласира во полуфиналето од плеј-офот!

Тимот на Тримо Требње, кој е предводен од македонскиот стратег Раде Стојановиќ, се пласира во полуфиналето на плеј-офот од словенечкиот шампионат.

На две кола до крајот на плеј-оф групното разигрување, Тримо кој досега собра 10 бодови е најмалку втор на табелата, откако славеше над незгодниот Словењ Градец на гости со 36-30.

За Тримо и Стојановиќ пред полуфиналето, остануваат две средби од групата, на гости кај Рибница и дома против Целје.

Најверојатно, ривал на тимот на Стојановиќ во полуфиналето од плеј-офот кој се игра до две победи ќе биде амбициозниот Слован Љубљана на Урош Зорман, кој е прв во групата 1.

Полуфиналните двојки ќе бидат познати по петтото коло во групите, кога Слован, Горење, Тримо и Целје, ќе одиграат меѓусебе и ќе решаат кој тим од која позиција ќе стартува.