Екипата на ПАОК, во која брани ветеранот од Македонија, Виктор Гигов, се радуваше на нова победа во грчкиот шампионат.
Тимот од Солун во натпревар од 14. коло од шампионатот на Грција славеше пред својата публика против незгодниот Килкис со 27:24.
Гигов блескаше меѓу стативите, забележа 15 одбрани и имаше процент на успешност од 38.8%, со што беше најзаслужен за освоените бодови.
За ПАОК ова беше 9-та победа во тамошниот шампионат и со новите бодови се задржа на 4. позиција на табелата.
Новиот интернационалец Владимир Трајкоски, кој на почетокот на вториот дел од оваа сезона направи трансфер во Панелиниос, прикажува солидни партии во новиот интернационален клуб.
Панелиниос загуби од Аеропос Едеса со 26:21, пред сѐ поради лошата игра во вториот дел, на полувреме клубот на Трајкоски имаше минимална предност од 15:14.
Прилепчанецот во дуелот со Аеропос Едеса одигра на ниво и во листата на стрелци се запиша четири пати.