Германија остана без важен играч за ЕП, но Гисласон нема да повика замена

Селекцијата на Германија ќе биде ослабена на Европското првенство, откако средниот бек Мариан Михалчик заработи повреда на еден од тренинзите во подготвителниот период.

Членот на Хановер го повреди мускулот на ногата и ќе го пропушти настапот на Европското првенство кое ќе се одржува во неговата земја.

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, во изјава за медиумите во Германија истакна дека нема да повика дополнителна замена за Михалчик.

Тоа значи дека Гисласон подготовките за Европското првенство ќе ги продолжи со само 18 ракометари, меѓу нив се наоѓа и единствениот дебитант, левиот бек Мартин Хане од Хановер.

Гисласон на позицијата среден бек ќе ги има на располагање само Јури Кнор и Нилс Лихтајн.

Германија е еден од ривалите на Македонија во рамки од групната фаза на континенталниот собир.

Дуелот меѓу Германија и Македонија е закажан за 14 јануари со почеток од 20:30 часот.

Гисласон отвори карти – еве ги 19 ракометари на Германија за ЕП