Ѓер триумфално во Данска, Мец го нокаутира ЧСМ Букурешт

Денеска се комплетираше 9 коло во Лигата на шампионите со трите средби одиграни во Данска и Франција.

Ѓер по поразот во домашното првенство од Ференцварош, се врати на победничките патеки и славеше на гости кај Оденсе.

Eсбјерг и покрај одличната партија на Кристенсен со 12 одбрани и 11 гола на Реистад не успеа да го победи Лудвигсбург.

Мец и натаму ја продолжува победничката серија и славеше против романскиот шампион ЧСМ Букурешт.

Лига на шампиони, резултати:

Есбјерг – Лудвигсбург 30-30
Мец – ЧСМ Букурешт 27-24
Оденсе – Ѓер 32-34